Текстилни фирми за време на полицискиот час под клуч
Foto

Текстилни фирми за време на полицискиот час под клуч

Владата донесе уредба со која се забранува работа на сите текстилни и кожарски фирми за време на полицискиот час што во Штип почнува вечерва во 21 часот.

Локалната власт повика на одговорно однесување од страна на сите работодавачи, а работниците ги повика да пријават ако некој ги присилува да одат на работа. Денес во Штип има 16 нови случаи позитивни на вирусот, а 343 граѓани се во изолација.

Последниве неколку денови неколку конфекции се под клуч, бидејќи беа регистрирани позитивни случаи. Тестирањето на вработените ќе продолжи и викендов.

0 Коментари

Остави коментари