Тедрос: Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи
Foto

Тедрос: Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи

Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот сега се достапни, рече во неделата шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, повторувајќи ги своите повици за поправедна дистрибуција на вакцината.

– Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да и стави крај, таа е во наши раце, сите потребни алатки ни се достапни, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) на конференција во Берлин.

Тој изрази жалење што досега „светот не ги користел овие алатки паметно“ и нагласи дека со „речиси 50.000 смртни случаи во светот неделно, пандемијата е далеку од завршена“.

Шефот на СЗО зборуваше на свеченото отворање на „Светскиот самит за здравје“, годишниот собир на професионалци и политичари во Берлин.

Целта на СЗО е 40 отсто од населението на секоја земја да се вакцинира до крајот на годината и 70 отсто до средината на 2022 година. Тедрос редовно истакнува дека жали поради акумулацијата на вакцини против Ковид во богатите земји.

Според него, „тоа е можно само ако земјите и компаниите кои го контролираат снабдувањето ги претворат своите зборови во дела“.

– Земјите кои веќе вакцинирале 40 отсто од населението, вклучително и Г20, мора да ги препуштат своите количини во испораката на вакцини на меѓународниот систем Ковакс и Африканскиот фонд за набавка на вакцини (Aват) основан од Африканската унија, рече Тедрос.

Тој додаде дека производителите на вакцини мора да го споделат своето знаење, технологии и лиценци и да се откажат од правата на интелектуална сопственост.

Шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во снимена видео порака, оцени дека „успехот на вакцините, развиени и пуштени на пазарот во рекордно време, е засенет од трагедијата на неправедната дистрибуција“.

– Сите нас не загрозува национализмот и акумулацијата на вакцини, истакна Гутереш.

0 Коментари

Остави коментари