Театарски фестивал во Велес во чест на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко
На сцената на Народниот театар „Јордан хаџи Константинов - Џинот“ во Велес вечер во 20 часот почнува програмата на новиот театарски фестивал „5ре“ во чест на доајенот на македонското глумиште велешанецот Петре Прличко.
На отворањето ќе биде врачена годинашната награда за животно дело во актерската дејност „Петре Прличко“ на годинашниот добитник актерот и шоумен Игор Џамбазов, внук на Петре Прличко.
Во негова чест велешкиот театар ќе ја одигра комедијата „Слуга на двајца господари“.