Театарски фестивал на популарни претстави „5-ре“
Вечерва во Велес се спушта завесата на третото издание на театарскиот фестивал на популарни претстави „5-ре“.
Публиката виде шест претстави, од кои и една премиера, а се додели и наградата за животно дело на актерот Тони Михајловски. Организаторите се задоволни од третото издание на фестивалот кој го носи името на бардот на македонското глумиште - велешанецот Петре Прличко.