Театар интерпелација
Залудно потрошено време . Вака министерот Панче Тошковски ги коментира денеска дел од интерпелациите во законодавниот дом меѓу кои се најде и неговата . Вели нема ништо против интерпелацијата како демократско право но доколку имало цврсти аргументи против него и сериозна опозиција која има врз база на што да ги заснова барањата за изгласување нечија недоверба .
Од Вчерашните 5 поднесени интерпелации изгласана беше само недоверба на претседателката на собраниската комисија за социјална политика Илире Даути . Сепак од кабинетот на собранискиот спикер Гаши велат дека Илире Даути не е разрешена и покрај изгласаната интерпелација за неа бидејќи немало правно обврзувачки последици . Во дописот од кабинетот наведуваат
Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни. Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот“
На ова пак реагираше владиниот коалициски партнер ЗНАМ од каде велат
За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието. Очекуваме опозицијата, на која, според претходната распределба, ѝ припадна претседателското место во оваа комисија, веднаш, уште в понеделник, да предложи нов кандидат за оваа позиција“
Интерпелацијата на Даути беше иницирана од Левица а веќе се пофали и лидерот на партијата Димитар Апасиев дека таа е изгласана но ги обвини и опозициската СДСМ дека со напуштање на седницата се делегитимирале себе си како опозициски политички фактор
СДС не ја поддржа интерпелацијата иако Илире Даути кочи нивен закон на комисија. Со тоа тотално се делегитимираа себе се на политичката сцена и покажаа дека не знаат на каде тераат . А Левица покажа и докажа дека е единствена вистинска парламентарна опозиција на јавашлукот и башибозукот во државата .
СДСМ ја напушти седницата и не учествуваше во расправата за интерпелации бидејќи според нив ова било театар пред јавноста во режија на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ .
Европскиот фронт пак реагираше и имаше поднесено 4 интерпелации за Тошковски, неговиот заменик Исеини, Изет Меџити но и Стоилковиќ и бараа да си поднесат оставка. Сепак ниту една од овие предлог интерпелации на албанската позиција не помина