Таваните, шталите и пластениците во струмичките села полни со тутун
Foto

Таваните, шталите и пластениците во струмичките села полни со тутун

Семејството Демови од струмичко Градашорци го проветруваа тутунот и го пакуваа во нови кутии за да не се расипе. Емир со двајцата синови произвеле околу 3 тони од кои само 300 килограми дале кај откупувачите. Секој одделно под пластеник по вторпат го складираа во амбалажа. Не знаат што да прават, а тутунот им е единствен извор за егзистенција. 

Не е поразлична состојбата ниту кај Ерол Демиров кој бил кооперант на „Далија табак“. Над 300 килограми тутун му стои на таванот во куќата оти нема абер кој ќе му го откупи. Тврди дека во Градашорци имало околу 60 тони тутун од кој 30 се на кооперантите на „Далија“ кој воопшто не го отпочна откупот.

Во голем број куќи во Градашорци тутунот се уште стои по таваните, шталите и пластениците, на домаќинствата. Бараат од Владата да најде решение да им се дадат амбалажа и откупот да продолжи до крајот на март

Од Министерството за замјоделство најавија измени на законот за тутун по скратена постапка за да може да се пролонгира откупот до крајот на март. Но овој проблем се уште не е ставен на дневен ред во Собранието и не се донесени измените на законот.

0 Коментари

Остави коментари