Таткото на убиената Вања Ѓорчевска е приведен во полициска станица
Од петмина осомничени, тројца се во притвор, еден е недостапен, надвор од Македонија, но со патека на бегство лоцирана од Интерпол и МВР, а вечерва во полициска станица е приведен уште еден осомничен од групата за изнуда на пари и убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски од Велес.
Приведен е таткото на Вања, потврди ОЈО Скопје. Од вчера уапсените 5 луѓе, тројца се во притвор, а двајца се пуштени, поради немање докази, т.е. поради неповрзаност со киднапирањата и убиствата.
Скопското јавно обвинителство по соопштението за наоѓањето на безживотното тело на Вања, остави можност бројот на уапсени да расте. За понеделник е закажана прес-конференција. Прес-конференцијата утре, (4 декември) во 9:30 часот, ќе ја одржат министерот за внатрешни работи на Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски.