Татко нудел пари на комисија како подарок за полагање на возачки испит на неговата ќерка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Ј.Н. (56), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

- На 09.08.2022 околу 08.30 часот, во фирма во Свети Николе пријавениот на вработена и дал пари наменети за комисијата за полагање и за управителот, како подарок за полагање на возачкиот испит на неговата ќерка, а откако вработената одбила, пријавениот ги зел парите и заминал, информира МВР.