Татеши за ТВ 24: Со вакви политики ги демотивираме младите и треба да почнеме од факултетите

Доктор Беким Татеши од Алијанса на Албанците во емисијата 24 анализа истакна дека е потребно добра финансиска политика за подобро здравство.

- Здравството како целина освен финансиска политика, треба и кадровска политиката, а кај нас проблематична и врзана со политиката. За едно вработување знаеме што се случува друго. Надвор, специјализантите не се бираат по партиска линија. Ние треба да најдеме начин и нашиот канцер е популизамот, да обезбедиме гласачи. Треба да се одлепиме од тоа. Треба да сме исти во медицината. Со вакви политики ги демотивираме младите и треба да почнеме од факултетите. Не е само платата, туку и начинот како доаѓаш до вработување. И ова влијае и во самата проблематика на здравството. - вели Татеши.