Тарик Филиповиќ за ТВ 24: Македонија посебно ја сакам, се радувам на претставата во МНТ
Актерот и водител Тарик Филиповиќ со монодрама ќе се претстави на публиката во Скопје на 11 април во МНТ.
„Македонија посебно ја сакам. Постои некоја тајна врска помеѓу нас. Се чувствувам пријатно кога сум таму и луѓето ме дочекуваат убаво. Се радувам на дружењето со публиката”, вели актерот и водител Тариќ Филиповиќ кој на 11 април во Македонскиот народен театар ќе ја претстави неговата монодрамата „Секс и глад“, којa е наменета да забавува, едуцира и да ја насмее публиката.
Целиот разговор ќе можете да го гледате наскоро во емисијата Неделен микс.