„ТАРГЕТ-ТВРДИНА“ : ВО СУДОТ СЕ СООЧИЈА МИЈАЛКОВ И ВЕРУШЕВСКИ
Foto

„ТАРГЕТ-ТВРДИНА“ : ВО СУДОТ СЕ СООЧИЈА МИЈАЛКОВ И ВЕРУШЕВСКИ

Мозокот на нелегалното прислушување е екс премиерот Никола Груевски, заради неговата патолошка желба да остане на власт, тврди бившиот разузнавач, а сега советник во Владата, Зоран Верушевски, кој денеска сведочеше во предметот „Таргет -Тврдина“. Одбраната се откажа од прашања, а дополнителни прашања му поставуваа обвинителите...

Според Верушевски, поранешниот премиер, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски треба да биде првообвинет во овој случај, а тоа што не е присутен во судница според него е пропуст на СЈО. Верушевски ги посочи и екс началникот на петата управа Горан Грујовски како и Никола Бошковски, како виновни за нелегалното прислушување, а кои исто така се во бегство.

- „СЈО во овој предмет направи круцијално поместување на лицето кое требаше да биде првообвинето, а сега е во бегство во Унгарија. Тука се кријат одговорите на многу прашања што сакате или не сакате да ги поставите. Тие лица кои не се присутни во судницата и кои имаат огромен мотив за тоа да не бидат тука, по мое длабоко убедување се фокусот на креацијата на оваа документација“. - Зоран Верушевски – Поранешен разузнувач.

Според Верушевски, тројцата бегалци однеле со себе многу поголема документација отколку што СЈО поседува, а материјалите ги користат за да обезбедат повластен статус во земјите каде што се бегалци.

- „Тие комуницираат со други држави и други служби. Тоа што поседува СЈО е минорно во споредба со тоа што тројцата бегалци поседуваат. Тоа им обезбедува не само заштита, туку и премолчен пристап за сите државни иницијативи тие да се вратат во земјава. Само еден Господ знае што поседуваат “ - Зоран Верушевски – Поранешен разузнувач.

По завршувањето на рочиштето Верушевски не сакаше да даде изјава на медиумите, а рече дека доколку има потреба ќе свика прес конференција за да објасни се.

- „До овој момент дадов исказ пред судот“. - Зоран Верушевски – Поранешен разузнувач.

Исходот од предметот „Таргет Тврдина“ треба да покаже кој нелегално прислушувал над 20.000 граѓани преку три системи за следење на комуникации во УБК. Следното рочиште е закажано за 24ти октомври, а како сведок треба да се појави премиерот Зоран Заев.

0 Коментари

Остави коментари