Таравари за тв 24: Крајот на јули и почетокот на август е најдобар период за одржување на избори

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа во врска со одржувањето на изборите рече дека Алијанската на Албанците има став а тоа е дека изборите за доброто на граѓаните најдобро е да се одржат на крајот на јули.

„се надевам дека ќе најдеме заедничко решение, предлогот на СДСМ е некоректен, зошто ЕУ после тоа ги отвара границите. За Алијансата е прифатлив датум крај на јули или почеток на август. тестирањето кај пациентитте е мало и мислам дека е тоа намерно некако се брза да се оди на избори. Годинава ретко некој ќе оди надвор на одмор, дури и туристичките места ќе бидат лимитирани со бројки.“ - вели Таравари.

Таравари вели дека требало на почетокот да бидеме рестриктивни, а сега треба да се вратиме во нормала и мора да живееме со вирусот. Дури и претеруваат властите со ограничувањата, смета Таравари, а Македонија и Албанија биде меѓу најрестриктивни. Ако се организира кампања, тоа значи отварање на ново жариште и нов бран кој ќе биде полош. Ја даде како пример Франција, каде многумина на изборите на почетокот на епидемијата се заразиле, а повеќето и починаа.

Во врска со отварањето на џамиите утре, тој смеат дека треба да се отвараат откако ќе се дадат одредени препораки и протоколи како да се однесуваат граѓаните, но потенцираше дека нема да оди утре во џамијата. Протоколите да се преведат и да се пуштаат меѓу граѓаните.