Таравари за ТВ 24: Генерално партиите го прифатија предлогот, а поентата е кој ќе поентира политички

Потпретседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во емисијата 24 анализа рече дека со Грција имавме подобро предлози од пред 25 години, а ние прифативме Севернас Македонија. Имаме три затворени патишта и еден кон ЕУ.

- Според сите партии се за тој пат, но овој процес на преговарање беше многу нетранспарантен. Сите бараа од министерот на МНР да ги брифира. Можеше да се пренењвира и да биде помек ставот на партиите, иако генерално го прифатија, а поентата е кој ќе поентира политички. Реакциите се насочени кон тоа, не треба толку емоционално да се реагира, трезвено треба да се размислува. Се работи за иднината на нашите деца. - рече Таравари.