Таравари: „Вреди“ ќе биде забрзувач за што поскоро да почнеме со преговорите со ЕУ
Владиниот коалиционер „Вреди“ оптимист - ќе го забрзува процесот на преговори со Европската Унија. Откако премиерот Мицкоски порача дека владата нема да прави - срамни отстапки, министерот Таравари најавува дека „Вреди“ ќе биде владин тригер на патот кон Брисел.
- Кажавме рок од шест месеци, дека „Вреди“ ќе направи се да започнат преговорите. Добро е што Албанија започна, меѓутоа лошо е што ние се разделивме. Од друга страна треба и да разбереме дека и од бугарска страна нема влада, очекуваме избори таму да има. Јас се надевам дека ние ќе изнајдеме решение и „Вреди“ ќе биде акцелератор и тригер за да што поскоро Македонија почне со преговорите со ЕУ. - Арбен Таравари министер за здравство.
По црвениот картон од Брисел, ставот на Мицкоски е дека нема да прифати бугарски диктат. Тој вчера, немаше конкретен коментар за ставовите на неговите министри од коалиционерот „Вреди“. За Изет Меџити - кој најави дека уставни измени ќе се случат до крајот на годината и министерот Муртезани кој порача дека во Брисел нема голема надеж за францускиот предлог плус - уставни измени со одложено дејство.
Александар Кржаловски директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка – Знаеме дека не може напред без уставни измени. Исто така знаеме дека ВМРО ДПМНЕ ги доби изборите на таа карта, дека нема попуштање. Сега ни претстои или подолго чекање или неуспешни обиди, бидејки Бугарија нема никаква причина да се откаже од било што.
- Дојде Орбан како алтернатива за првата меѓувладина конференција што ја оддржа Албанија. Ние имавме гостин во Охрид, кој што, два дена се шеташе тука и ни ветуваше помош. Веројатно она што ни останува е да си тапкаме во место, во однос на европските интеграции, а дома да се почне нешто поздраво да се работи. - Борис Георгиевски, одоворен за уредувачката политика на програмата на македонски јазик на Дојче веле.
И додека на Илинденска број 2 се чека нова политичка влада во Софија, за излез од европското лимбо, четворица бугарски европратеници ќе бидат дел од 13-члената делегација на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Македонија.