Таравари: Состојбата во „Вреди“ е релативно стабилна
Состојбата во коалицијата Вреди е релативно стабилна – вели Арбен Таравари, еден од лидерите во блокот и министер за здравство. Деновиве се лиферуваат шепекулации за можно повлекување на Таравари од владејачката структура поради коалициски и внатре владини несогласувања, но Таравари ги негираше. На 6 април треба да се одржи партиско собрание на кое ќе се утврдат идните политички чекори.

