Таравари ѝ посака успех на Влен: Ме радува што се споија во една партија
Се поизвесно е излегувањето на Алијансата за Албанците од ВРЕДИ. Лидерот на партијата Таравари на Касами, Меџити и Ибрахими и Гаши - им честита за нивното обединување во една партија под името ВРЕДИ.
На локалните избори ќе настапиме сами, а не ја исклучуваме и можноста да делуваме како посебна пратеничка група, надвор од владиното мнозинство, дополни Таравари.
ОД ВМРО-ДПМНЕ велат дека и без Таравари ќе имаат стабилно мнозинство, но и влада која ќе работи и подобро од сегашната.
И додека се се погласни се информациите за соработка на Таравари со ДУИ, но и спојување на Алијансата за Албанците во една партија, претседателот на едното крило Зијадин Села - категорично ја отфрли секоја можност за спојување со крилото на Таравари
- На членовите на АА кои отидоа со Таравари вратата им останува отворена, но не и за Таравари!, тоа би бил„екстремен неморал“, поделбата во партијата не е само прашање на стратегии или моментални интереси, туку длабока последица на политичкиот пристап и принципи.
ВРЕДИ веќе започна да функционира како еден политички субјект откако вчера претседателството објави мораториум на јавни политички активности на партиите кои ја сочинуваат коалицијата.
Претседателот на БЕСА Касами посочи дека сите настани и активности ќе бидат под името и логото на ВРЕДИ, а во периодов што следи ќе се оформат и другите органи.