Таравари: На терен се инспектори за да се испитаат сите факти околу смртта на 14 месечното дете

Министерот за здравство денеска изјави дека стручната комисија за четиринаесет месечното дете кое завчера почина на Детската клиника е веќе формирана и е на терен за да ги испита сите факти и аргументи по што ќе треба да утврди дали имало пропусти во третманот на детето. Од здравствениот инспекторат потврдија дека на терен се и здравствените инспектори кои ќе извршат вонреден надзор во двете клиники каде било лекувано детето во Козле и на Детската клиника.