„Танец“ со концерт посветен на музичарот Ѓорѓи Димчевски вечерва во МНТ
100-годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски, еден од легендарните македонски музичари од сферата на народната музика, ќе биде одбележана со концертот наречен „Седенка се збира“ кој ќе се одржи вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар.
Како е предвиден да изгледа концертот, дознаваме од разговорот со уметничката директорка на “Танец”, Бранка Костиќ Марковиќ.