“Талир 2“: Мицкоски вели правдата за ВМРО-ДПМНЕ е задоволена, СДСМ возврати дека криминалното судство ги спаси Мицксоки и Груевски

Правдата е задоволена, случајот „Талир 2“, беше политички монтиран од тогашната власт на СДСМ и ДУИ – оцени премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ откако овој предмет падна поради измени на Кривичниот законик.

За ослободителната пресуда пак за екс претсдателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Грувски, вели дека е последица на амнестијата на СДСМ преку измените на Кривичниот законик. 

Христијан Мицкоски-претседател на Влада на РСМ

„Мојот став е многу јасен-ВМРО-ДПМНЕ во тој период кога беше предмет на политички прогон, бил рекол еден вид агресија од страна на претходната влада, измислија случаи коишто не постојат како „Талир 1“ и „Талир 2“. Вчера, конечно судот, донесе пресуда која е во согласност со правдата. Што се однесува за другиот дел од пресудата и лицето кое е опфатено со другиот дел од пресудата-можам да заклучам дека станува збор за последица од законските измени во КЗ донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ.“                                 

Опозициската СДСМ обвинува дека судството и Обвинителството се под контрола на премиерот Мицкоски за ослободување на поранешниот премиер Никола Груевски од одговорност за предметот „Талир 2“ и за одмрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Богданка Кузеска-портпаролка на СДСМ

„Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт и го контролира судството, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. Реформи во правосудството нема. Правда нема! Има криминална власт.“

Обвинителката Ленче Ристоска, која го застапуваше обвинението за случајот „Талир 2“, но пред извесен период овластувањата ѝ беа повлечени, денеска се огласи во врска со ослободителната пресуда и одбиеното барање за конфискација.

Ленче Ристоска-обвинителка

„Дел од обвинението кој не е адресиран во јавното соопштение на судот, временскиот интервал во кој се носи одлуката и времето кога истекува рокот на застареност-ме наведуваат на заклучок дека единствена цел на ваквото постапување е отежнување на понатамошната постапка за конфискација на имотот. Затоа и мислам дека осудата на Груевски во овој случај е од секундарен интерес за ВМРО-ДПМНЕ-кривичниот прогон така или онака ќе застареше. Она што е суштинско е дека имотот што го стекна партијата е директна последица на дејствијата на Груевски утврдени во постапката. Токму поради тоа, исходот на кривичниот дел и судбината на имотот не можат да се гледаат одвоено: со ослободителна пресуда отпаѓа и основата за конфискација во кривичната постапка.“

Вчера, Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за Никола Груевски поврзан со предметот „Талир 2“. Повтореното судење кое се однесуваше на изградбата на седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Според одлуката, ваквата пресуда се должи на  контроверзните измени на Кривичниот законик. Наведоа дека овие измени на крајот суштински ги промениле елементите на кривичното дело. Измените на Кривичниот законик беа донесени во 2023, беа донесени во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ.