Талески за ТВ 24: Во ноќните часови, ќе важи пониската тарифа за струја

Универзитетскиот професор Рубин Талески во емисијата 24 Отворено истакна дека електротехничкиот факултет е задолжен за изготвување на тој модел. Тој модел сега се поставува на постојната ситуација.

- Ако моделот што ќе го предложи Регулаторна се применеше лани од 1 јули до крајот на годинава, сакаме да покажеме колку ќе има потрошувачи на кои ќе им се намали сметката, а на кои ќе им се зголеми. На оние што трошат повеќе, ќе им се зголеми цената. Зошто се воведуваат блокови само за високата тарифа? Кога има најголемо оптоварување во системот, кај нас недостасува електрична енергија. Идејата на овој модел кој ќе се предложи е во оној дел од денот кога стујата недостасува, цената треба да биде повисока за оние што може да платат. Во ноќните часови, ќе си важи пониската тарифа. Таму нема да има блокови и потрошувачката ќе биде неограничена. Од 7 сабајле до 22 навечер ќе бидат блоковите и ќе се зголемува цената во таа тарифа. - рече Талески.