Талески за ТВ 24: Националистичката реторика која ја протежира Џамбаски наиде на плодна почва во радикалните и националистички подрачја кај нас

Миле Талески пратеникот од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека ова е крајно безобразно и недозволиво однесување на пратеникот Џамбаски за сите негови изјави и она кое се случи вечерва. Тој е една политичка маргинална фигура во Бугарија која што на секаков начин бара да го навлече вниманието врз неговата политичка партија.

- Видовме како помина неговата партија на неколку парламентарни избори во Бугарија. Националистичката реторика која ја протежира Џамбаски и неговата партија наиде на плодна почва во радикалните и националистички подрачја кај нас. Факт е дека ние не преговараме со Бугарија за влез на Македонија таму, туку за влез на Македонија во ЕУ. - рече Талески.