Талески за ТВ 24: На повидок е изборна измама од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните

Миле Талески од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека граѓаните кажале кој треба да оди во опозиција и тие ја почитуваат волјата на народот. Не треба да се сфаќа трагично ако некоја партија отиде во опозиција.

- Се покажа и во неколку изборни циклуси дека мандатарот има апсолутно право да состави влада. Тоа ќе го добие ВМРО-ДПМНЕ, а видовме како помина вчерашниот ден на конститутивната седница. Видовме една сериозна непринципиелност, и на повидок е изборна измама од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните, зошто им ветуваат на граѓаните дека носителите на највисоките позиции во државата, меу кои и претседателот на Собранието, ќе биде од македонска националност. Видовме крајно лицемерно однесување. Тие бараа од поддршка од граѓаните да не паднат под уцена. - рече Талески.