Талески: Да ја отвориме новата сезона со позитивен резултат
Foto

Талески: Да ја отвориме новата сезона со позитивен резултат

Левиот бек на македонскиот и актуелен европски првак Вардар, Филип Талески, посакува поволен резултат на гостувањето кај Мешков Брест во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

„Играме со позната екипа со која Вардар се соочувал со години. Се знаеме многу добро со нив. И лани игравме со нив и во СЕХА и во ЛШ. Максимално сме подготвени. За нив ќе биде предност домашниот терен и поддршката што ќе ја имаат од публиката. Веќе се продаваат карти. За нас ќе биде малку чудно, што по подолго време ќе играме натпревар со публика. Сепак, Вардар е Вардар и тимот покажа дека изминатите години и дома и на гости го дава максимумот. Се надевам дека новата сезона ќе ја отвориме со добар резултат“ - изјави Талески.

„Црвено-црните“ денес ќе отпатуваат за Белорусија каде утре во Брест против Мешков ќе го играат првиот меч во новата сезона од ЕХФ Лигата на шампионите.

0 Коментари

Остави коментари