Талат Џафери вулгарно кон собраниските службеници

Молк од кабинетот на собранискиот спикер Џафери во врска со снимката која вчера вечер ја овјавија дел од медиумите  на која се слуша вербална расправа со повишен тон и навреди.

Во краткиот одговор кој го дадоа собраниските служби на новинарските прашања денеска само посочија дека Џафери нема да даде изјава во врска со оваа снимка . 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак денеска побара оставка од Џафери но и обвинија за скандалозно однесување.

Премиерот Ковачевски  одговарајќи на новинарски прашања посочи дека ја видел снимката но мора најпрвин да се утврди нејзината автентичност бидејќи на истата само се слушаат гласови но не се гледаат лица .

Со реакција се јавија и албанскиот опозициски блок односно Алијанса за албанците од каде велат 

- Ваков мобинг и однесување има во повеќе институции само што во Собранието  му се слуша гласот. Подолго време не само Џафери туку и другите функционери на ДУИ на ист начин ги третираат и државните службеници и граѓаните а често се обидуваат така да се однесуваат и со пратениците. Ова е типично однесување на режим на диктатура кои функционираат само со страв и закани. Но, како што гледате ова не им поминува кај пратениците а веќе почнале да реагираат и да пријавуваат и службите кои не трпат вече диктатура. 

Иако денеска од кабинетот на Џафери решија да молчат сепак на почетокот на вчерашната седница тој се правдаше дека неговата реакција била изнудена.

Од ДУИ пак денеска решија да молчат и не одговараа на повиците за да го изнесат својот став во врска со оваа снимка. За сега ниту еден од 120 пратеници не покренал било каква постапка за прекршување на кодексот за етичко однесување а во наредните денови велат ќе чекаат Џаферии сам да се произнесе.