Талат Џафери хоспитализиран на Инфективна клиника
Foto

Талат Џафери хоспитализиран на Инфективна клиника

Претседатателот на Собранието, Талат Џафери денеска е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

Од ДУИ потврдиле дека Џафери е примен во болница на системска контрола и оти на тестирањето за Ковид-19 бил негативен.

Џафери, кој според Уставот, треба да ја свика конститутивната седница на новиот собраниски состав најдоцна до 4 август, неодамна изјави дека тој ќе се тестира пред нејзиното одржување и оти ќе предложи тоа да го направат и останатите избрани пратеници.

Ако Џафери не биде во можност да ја закаже конститутивната седница, уставните и законските одредби предвидуваат тоа да го стори највозрасниот пратеник од новиот парламентарен состав.

Вчера и завчера министрите за образование и наука и за економија Арбер Адеми и Крешник Бектеши, објавија дека се позитивни на Ковид-19.

0 Коментари

Остави коментари