Талат Џафери: Илинден е симбол на стремежот за подобро утре
Foto

Талат Џафери: Илинден е симбол на стремежот за подобро утре

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска упати честитки по повод државниот празник 2 Август Илинден.

Иако оваа година не се обраќам од Мечкин Камен, потенцира Џафери, на овој начин ви го честитам големиот празник 2 Август – Денот на Републиката.

– Илинден е симбол на стремежот за подобро утре, за подобар живот на идните генерации, поправедно општество, напредок и повисоки вредности. Во ова исклучително време на предизвици, на овој посебен ден да се потсетиме на двата Илиндена; на Крушевскиот манифест и на идејата водилка на АСНОМ за слободна, независна и просперитена Република Северна Македонија, почитувајќи, уважувајќи и потпирајќи се на ближниот, на сограѓанинот, на соседот, истакнува претседателот на Собранието Џафери во честитката.

На граѓаните им посака убав празничен ден со вашите семејства и посакувам што побрзо, вели, преку почитување на мерките, разум и добро однесување, да го надминеме и предизвикот Ковид-19 и секој празник да го одбележуваме масовно, сплотено, слободно.

0 Коментари

Остави коментари