Тајван: Забележани 59 кинески авиони околу островот за 24 часа
Тајванските власти забележале 59 кинески авиони околу островот во последните 24 часа, соопшти утринава Министерството за одбрана во Тајпеј.
Во истиот период околу Тајван се регистрирани девет бродови и два балона.
Авионите и бродовите беа забележани неколку дена откако тајванскиот претседател Лаи Чинг-те ја нарече Кина „непријателска странска сила“.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека акциите претставуваат „сериозно предупредување за сепаратистичките сили кои се залагаат за независност во Тајван“.