Тајна средба во Владата: Ковачевски и Ахмети го убедувале Гаши дека АА мора да влезе во Влада

Тајна средба во Владата : Ковачевски и Ахмети го убедувале Африм Гаши дека Арбен Таравари мора да влезе во Владата, а тој им повторил – тие да дадат министерства.

Додека премиерот Димитар Ковачевски секојдневно порачува дека преговори за влез во Алијаса за Албанците нема  и нема потреба засега од средба со третиот коалицикси партнер Африм Гаши, на чие министерство инсистира Арбен Таравари, во Владата тајна средба – токму меѓу Ковачевски, Гаши и Ахмети.

На состанокот завчера во кабинетот на Ковачевски  кој за ТВ 24 го потврдува висок партиски функционер од Алтернатива, Гаши прашал која е потребата од влегувањето на Алсијанса за Албанците во Владата и им  повторил дека на тие што им гори и што имаат проблеми тие треба да отстапат министерство.

Според истиот функционер, тој ги потсетил коалициските партнери дека токму тој и Алтернатива кога било најгусто ја спасиле Владата на сметка ан нивниот рејтинг, но и дека дел  од нивниот договор се уште не го исполниле и дека се уште 15 договорени кадровски решенија на Алтернатива, Ковачевски не ги поставил.

Според истот извор, премиерот го убедувал Гаши дека единствената причина за влегувањето на Алијанса за Албанците во Владата е нефункционалното Собрание и неможноста мнозинството да обезбеди речиси цел месец кворум.

Ковачевски, тврди истиот функционер, обвинувањата за неисполнувањето на договореното исто така ги правдал со неработење на Собранието.

Според функционерт на Алтернатива нема договор од средбата, а не се исклучува денеска повторно владејачката тројка да се види во СОбранието бидејќи Ковачевски ќе биде на пратенички прашања, а Ахмети и Гаши се пртаеници.

Премиерот вчера одби да одговори како ќе ја „пегла“ ситуацијата со Гаши по тврдите позиции на Алтернатива дека тие нема зашто да дадат ресор.

Средби нема само меѓу владејачките партнери, туку и меќу дел од нив и лидерот на АЛсијанса за Ачлбанците.

Според информациите иако и Таравари тврди дека нема преговори и допрва ќе носи одлука, на темата ресори и програма се сретнал пред неколку дена со Али Ахмети. ТВ 24 вече објави дека како најсериозниу кандидати за миснитри од Алијанса се споемнувата Кренар Лога за правда и Фадил Цана за здравство.