Тајфунот ги премести квалификациите за Ф1: Наместо сабота – в недела во три!
Foto

Тајфунот ги премести квалификациите за Ф1: Наместо сабота – в недела во три!

Она што се очекуваше се исполни, целата програма за сабота на јапонското Гран-при од Формула 1 е откажана, а само квалификациите добија нов термин. Ќе се возат в недела во 10 часот по јапонско време или во 3 часот наутро по македонско време.

Тоа значи дека ќе се возат, практично, четири часа пред самата трка, која е закажана за 7.10 часот по македонско време во истото утро. Третиот слободен тренинг е целосно откажан и нема воопшто да се вози.

Причина за ова е тајфунот Хагибис, кој беснее околу јапонскиот остров Хоншу и за кој цела недела се предвидуваше оти ќе кулминира викендот. 

За сабота се очекуваат ветришта со брзина од околу 120 километри на час, а во такви услови безбедноста на една Ф1-трка е сериозно загрозена, не само на возачите, туку и на гледачите на трибините.

Во секој случај, преносот на квалификациите и трката за ГН на Јапонија ќе можете во живо да ја погледнете на фрекфенцијата на Телевизија 24.

0 Коментари

Остави коментари