Тачи вечерва соопшти дека ја напушта коалицијата на ДУИ

 

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи вечерва соопшти дека тој и неговата партија веќе нема се дел од коалицијата „Европски фронт“. 

Сто дена се малку за да се анализира работата на една Влада. Причината зошто отсуствував на прес-конференцијата организирана од „Европски фронт“ за стоте дена од владеењето на Владата е поради тоа што јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од Фронтот – рече Тачи вечерва во телевизиско гостување.