Тачи го потпиша указот за законите за Војската на Косово
Foto

Тачи го потпиша указот за законите за Војската на Косово

Претседателот на Косово Хашим Тачи го потпиша денеска указот за трите закони со кои започнува трансформацијата на досегашните Безбедносни сили (ФСК) во Војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

На церемонијата на потпишувањето во кабинетот на Тачи присуствуваше и командантот на косовските оружени сили, генералот Рахман Рама.

Претседателот рече дека денешниот ден е значаен за косовската држава и им честита на припадниците на војската и на народот на Косово. Тој им се заблагодари на Соединетите Американски Држави и на сите земји сојузнички кои го поддржаа Косово во процесот на трансформацијата на ФСК во војска.

Законите за Министерството за одбрана, за ФСК, и за службувањето во ФСК беа усвоени на 14 декември со гласовите на сите пратеници во Собранието на Косово, освен на оние од партијата на косовските Срби, Српска листа, кои се категорично против формирање оружени сили на Косово.

0 Коментари

Остави коментари