СЗО: Во Африка повеќе од 3,4 милиони заразени со коронавирус, 87.000 починати
Foto

СЗО: Во Африка повеќе од 3,4 милиони заразени со коронавирус, 87.000 починати

Во Африка, во последните 24 часа, се регистрирани 22.599 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број заразени на континентот изнесува повеќе од 3,4 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Како што е наведено, починале уште 1.080 случаи на Ковид-19, така што има повеќе од 87.000 смртни случаи во Африка.

Најголем број заразени и починати од коронавирус има во Јужна Африка – 1,4 милиони заразени и речиси 42.000 смртни случаи. Повеќе од 9.000 луѓе починаа во Египет, а 8.187 во Мароко.

0 Коментари

Остави коментари