СЗО: Вакцината ќе ни овозможи контрола врз вирусот
Foto

СЗО: Вакцината ќе ни овозможи контрола врз вирусот

Вакцината ќе ни овозможи контрола врз вирусот но се дотогаш мораме да ги следиме здравствените препораки, вели Мајк Рајан, еден до главните експерти на светската здравствена организација во битката против пандемијата на коронавирусот.

„Животот на кој сме навикнати пред пандемијата - мислам дека е многу, многу возможен повторно, но мора да продолжиме да одржуваме хигиена, физичко растојание. Вакцините не значат дека нема да имаме случаи на корона. Сепак, ставањето на вакцината во игра ќе ја турне кривата, ќе стави крај на рестриктивните мерки и ќе ни даде контрола над болеста.“ - изјави Рајан.

Првиот човек на Европската комисија пак вели дека унијата ќе добие околу 2 милијарди дози од вакцината пртив коронавирусот. Според Урсула вон дер Лееен, со оваа количина ќе можат да се вакцинираат 700 милиони луѓе, а меѓу нив ќе бидат и жителите на Западен Балкан и Африка.

„Европската комисија досега има обезбедено договори со шест компании. Првите европски граѓани веќе пред крајот на декември може да бидат вакцинирани. Конечно го гледаме светлото на крајот на тунелот. Земјите-членки мора да се подготвени затоа што ова е нашиот билет за да излеземе од оваа пандемија.“  изјави Урсула вон дер Леен - претседател на Европската Комисија.

Компанијата .Астра-Зенека соопшти дека соработува со регулаторите во истрагата за давање помала доза од вакцината, откако резултатите се покажале како подобри кај испитаниците кои добиле помала количина, соопшти портпарол на компанијата.

Астра-Зенека и универзитетот Оксфорд признаа дека настанала грешка при тестирање на вакцината за коронавирусот, што предизвика многу прашања во врска со првичните резултати што ги објавија.

Шведските власти пак признаа дека погрешиле со неприменувањето на мерки за време на пандемијата. Во моментов, бројто на заболени во државата забрзано расте.

„Прашањето за имунитетот на стадото е тешко. Во моментов, не гледаме никакви знаци на имунитет што го забавуваат вториот бран.“ - изјави Андреас Тегел - епидемиолог.

Државата соопшти за рекорден број новозаразени, што укажува на тоа дека земјата не успеала да го избегне вториот бран на епидемијата што го погоди поголемиот дел од Европа. Мерките во Шведска сè уште се релативно полабави во споредба со другите европски држави, но и покрај, тоа има значајна промена на рестрикциите во споредба со првиот бран.

0 Коментари

Остави коментари