СЗО: Светот нема да се ослободи од ковид до крајот на годината
Foto

СЗО: Светот нема да се ослободи од ковид до крајот на годината

Нереално е да се очекува дека светот ќе се ослободи од Ковид-19 до крајот на оваа година, предупредуваат првите луѓе на светската здравствена организација.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан вели дека вирусот сè уште е оној што има контрола, особено со оглед на зголемувањето на бројот на заразени во минатата недела.

„Би било многу прерано и нереално да се мисли дека ќе се ослободиме од вирусот до крајот на годината, но ако сме паметни, можеме да завршиме со хоспитализации, смртни случаи и трагедија поврзана со пандемијата.“ - изјави Мајк Рајан директорот на СЗО за вонредни ситуации.

Од Американскиот Центар за контрола и превенција на болести, велат дека ширењето на мутациите на коронавирусот се заканува да предизвика потенцијален четврти бран на пандемијата во САД. Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи пак вели дека САД мора да се држат до стратегијата за две дози од вакцините.

„Чувствувам голема доверба во безбедноста и ефективноста на оваа вакцина и сакам да ги охрабрам сите што имаат можност, да се вакцинираат, така што ќе имаме заштита во оваа земја што ќе стави крај на оваа пандемија.“-  изјави Фаучи за „Вашингтон пост“.

А поради растот на бројот на заболени, Чешката влада одлучи да воведе строго ограничување во следните три недели со цел да се спречи ширењето на заразата. Повеќе од 25.000 полицајци и 5.000 војници учествуваат во акцијата а на жителите им е дозволено да го напуштат местот на живеење само во итни случаи.

И финската влада одлучи да воведе вонредна состојба откако се појавија неколку жаришта во скијачките центри а Британската влада пријави дека во земјата биле регистрирани неколку случаи на Бразилската верзија на вирусот.

„По својата мутација тој е многу сличен на јужно африканската верзија и поради тоа не загрижува. Има еден случај каде заболениот не ги дал сите информации и сега имаме проблем да го лоцираме.“ - изјави Надим Захави преставник на британското министерство за здравство.

А додека во дел до европските држави трае вакцинацијата, претседателката на европската комисија, Урсула вон дер Леен, најави дека наскоро ќе биде преставен предлогот за дигитален ковид пасош кој би можел да биде еден од условите за слободно патување во Европа.

0 Коментари

Остави коментари