СЗО: Рекорден дневен скок на бројот на новозаразени од коронавирус во светот- 212.326
Foto

СЗО: Рекорден дневен скок на бројот на новозаразени од коронавирус во светот- 212.326

Светската здравствена организација соопшти дека во последните 24 часа во светот се регистрирани нови 212.326 случаи на коронавирус, што е рекордно дневно зголемување на бројот на нови случаи.

Најголем дневен скок, според бројот на заразени лица, имаат САД, Бразил и Индија, пренесуваат британските медиуми.

Претходниот рекорд, според бројот на инфицирани на дневна основа – 189.077, беше регистриран на 28 јуни.

Секој ден од Ковид-19 во светот умираат околу 5.000 лица.

Повеќе од 11 милиони лица ширум светот се заразени од вирусот од почетокот на епидемијата, а повеќе од половина милион веќе умреа.

0 Коментари

Остави коментари