СЗО: Пандемијата се влошува, а не слабее
Foto

СЗО: Пандемијата се влошува, а не слабее

Светската здравствена организација соопшти дека во јуни се регистрирани дури 60 отсто од вкупно 10-те милиони заразени со коронавирус во светот, што покажува дека епидемијата се влошува, а не слабее.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, изјави дека секој ден има по 160.000 нови случаи и ги повика сите држави да преземат сеопфатен пристап во борбата против вирусот.

Пронајдете, изолирајте и грижете се за секој случај, следете ги и ставајте ги во карантин нивните контакти, обучете и опремете ги здравствените работници, едуцирајте и оспособете ги граѓаните да можат да се заштитат себе си и другите, рече Тедрос. Директорот на сзо истакна дека носењето маска понекогаш може да спаси живот.

0 Коментари

Остави коментари