СЗО: Нема податоци дека вакцината на „АстраЗенека“ предизвикува згрутчување на крвта
Светската здравствена организација не може да ги потврди информациите дека вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ може да го загрози здравјето на луѓето. Ваквата реакција на сзо следува откако неколку држави, меѓу кои, Данска, Исланд, Норвешка и Романија ја прекинаа употребата на овие вакцини по информации дека тие доведуваат до формирање на тромб кај вакцинирани лица.
„Сите вакцини, особено новите, се предмет на специјален фармаколошки надзор. Ова значи дека секој случај на сериозно влошување на здравјето веднаш се испитува од страна на специјална комисија според посебен протокол.“ - изјави претставник на СЗО, Мелита Вујнович, за радиото „Ехо на Москва“.
И Италијанската влада одлучи на ваков потег откако беа пријавени два смртни случаи кај лица кои ја примиле вакцината на АстраЗенека. Последна од низатаа држави кои ја стопира употребата на оваа вакцина е Бугарија.
Според Бојко Борисв, имунизацијата на населението ќе продолжи со другите вакцини, а онаа на Астра Зенека ќе почне повторно да се употребува откако ќе се обезбеди писмена потврда од Европската агенција за лекови дека таа е безопасна.
„Додека не дојде писмена од Европската агенција за лекови точно и јасно потврдена дијагноза дали може или не може да се дава вакцината, дотогаш нема да се дава.“ - изјави Бојко Борисов – премиер на Бугарија,
Германската и Француската влада пак соопштија дека ќе продолжуваат да ја користат оваа вакцина а со сличен став се јави и Австрија и покрај тоа што таму беше пријавен смртен случај поради згрутчување на крвта.
Од компанијата Астра Зенека велат дека нема докази кои покажуваат дека нивната вакцина додведува до згрутчување на крвта. Со ист став се јавија и од Европската агенција за лекови.
„Користа од вакцините продолжува да ги надминува ризиците. Вакцинацијата може да продолжи да се одвива се додека трае истрагата.“ - велат од европската агенција за лекови.
А Европската Унија ќе може да смета на уште неколку стотици милиони вакцини против корона вирусот откако Европската агенција за лекови ја одобри и вакцината на компанијата Johnson & Johnson. Станува збор за досега единствената вакцина против корона вирусот која предвидува вакцинација со една доза и чија ефикасност е 67%.