Светскиот рекордер во маратонот Киптум загина во сообраќајна несреќа

Актуелниот светски рекордер во маратон, кенискиот тркач Келвин Киптум, загина во сообраќајна несреќа, објави порталот „Бизна Кенија“.

Несреќата во која учествувал спортист се случила на автопатот меѓу кенискиот град Елдорет и селото Каптагат. Маратонецот возел автомобил, изгубил контрола и удрил во дрво.

Заедно со 24-годишниот Киптум почина и неговиот тренер Жервејс Хакизимана. Двајцата починале на местото на настанот. Со нив во автомобилот имало и девојка, која со бројни повреди била пренесена во една од локалните болници.

Во октомври 2023 година, на маратонот во Чикаго, Киптум го истрча маратонот за 2 часа и 35 секунди, надминувајќи го рекордот на сонародникот Елиод Кипчоге за 34 секунди.