Светскиот економски форум во Давос одложен за следното лето
Foto

Светскиот економски форум во Давос одложен за следното лето

Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, кој обично се одржува во јануари, е одложен за следното лето, бидејќи не се исполнети сите услови за „безбедно“ организирање на состанокот во јануари, поради епидемијата на коронавирусот, објави денеска раководството на Форумот.

„Светскиот економски форум денеска одлучи да го одложи годишниот собир во Давос до почетокот на следното лето“, соопшти портпарол на организацијата, додавајќи дека според препораките на експертите, „невозможно е безбедно да се организира форумот во јануари“.

Портпаролот рече дека не било лесно да се донесе одлука затоа што има итна потреба за состанок на меѓународните лидери за периодот по пандемијата.

Организацијата не го наведе датумот на одржување на собирот и укажа на можноста Форумот да не биде во Давос: Ќе добиете детали за датумите и местото на нашиот одложен Форум веднаш штом ќе бидат исполнети условите за гарантирање на здравјето и безбедноста на сите учесници“ додаде портпаролот.

Управата на Форумот на почетокот на јуни објави дека сака собирот да се одржи во вообичаеното време, на швајцарските Алпи, но во променет формат, и делумно на Интернет. 

0 Коментари

Остави коментари