Светски ден на ромите
Foto

Светски ден на ромите

Сиромаштија, невработеност, нееднаков пристап до социјалните права, се само дел од проблемите со кои се соочуваат припаднциите на ромската заедница во земјава.

Педесет години од воспоставувањето на 8 април како Меѓународен ден на Ромите, време за повторно да се запрашаме - имаат ли еднаков третман во општеството, и колку заложбите за недискриминација се оствару ваат на терен.

Граѓаните од Шуто Оризари согласни за тоа дека тешко стасуваат до вработувања, а проблемите во комуникацијата со државниоте институции се уште се присутни.

Секој матичен лекар кој работи во Поликлиниката во Шуто Оризари има премногу пациенти и нема простор да прими нови, па така околу 4000 возрасни лица и 1.200 деца од Шуто Оризари во ек на пандемија се оставени без матичен лекар. Жените во оваа општина веќе една деценија имаат проблем со гинеколошка ординација, а министерот за здравство Венко Филипче очекува за две недели жителите на Шуто Оризари да добијат матичен лекар и гинеколог.

Од невладината Хера потсетуваат дека за Ромките кај нас сѐ уште има повеќе предрасуди отколку работни места. 

„Само 4 Ромки се вработени на раководни позиции во јавните институции. На нераководни позиции Ромките се застапени со само 0,47 % од вкупниот број на вработени. Ниту една Ромка не е вработена во кој било од 30 центри за вработување во државата. Од вкупниот број на регистрирани невработени Ромки на национално ниво, дури 94,88 % се без образование или само со основно образование.“ - велат од Невладина организација Хера.

Расизмот и дискриминацијата сѐ уште се главен белег на односот кон Ромите, велат од Хелсиншки комитет за човекови права и потсетуваат на системската дискриминација со која тие секојдневно се соочуваат. 

Државни, владини и претставници на политичките партии по повод 8 април упатија честитки до Ромите, а пред зградата на Владата беше подигнато знамето на ромската заедница.

0 Коментари

Остави коментари