Светски ден на Алцхајмеровата болест
Foto

Светски ден на Алцхајмеровата болест

Светскиот ден на Алцхајмеровата болест ќе биде одбележан денеска во Скопје, со порака заеднички да влијаеме кон подигнување на јавната свест за болеста, која што ја нарекуваат епидемија на 21 век. 

Настанот ќе се одржи на плоштадот „Македонија“ со почеток во 12:00 часот. На настанот ќе присуствува и сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.

Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест  – 21 септември се одбележува по иницијатива на СЗО од 1994 година со цел да се подигне свеста за ова заболување, кое се шири и зема се поголем замав во светот. Според некои податоци секој 68 секунди некој во светот развива Алцхајмерова болест.

Тоа е болест од групата на невродегенеративни заболувања. Обично се јавува кај населението над 65 годишна возраст и е одговорна за 60 отсто од дементните заболувања. Причините за појавата на Алцхајмеровата болест не се целосно разјаснети.

0 Коментари

Остави коментари