Светската банка посочува за зголемување на возраста за пензионирање во Македонија
Foto

Светската банка посочува за зголемување на возраста за пензионирање во Македонија

Светска Банка и натаму останува на ставот дека е потребно зголемување на возраста за пензионирање во Македонија. Стареењето на населението и предвремените пензионирања, во комбинација со ад-хок дополнителните зголемувања на пензиите доведоа до трошење на средства за пензии кое е поголемо од 10 проценти од БДП и покрај значителните реформи кои беа преземени пред една деценија, се наведува во најновиот извештај за пензискиот систем на земјава. Сепак од Банката потенцираат дека неодамна усвоените пензиски реформи ќе го стабилизираат системот на краток рок.

При тоа посочуваат дека во изминатава деценија е дојдено до влошување на финансирањето на пензискиот систем, бидејќи наместо да се спроведуваат дополнителни реформи во области што се клучни за пензискиот систем, како што се промена на ефективните стапки на доспевање, возраст на пензионирање и индексирањето на пензиите, властите се впуштија во ад-хок дополнително зголемување на пензиите, намалување на стапките на придонеси и воведоа укинување на придонесите со цел промовирање на вработување. Ваквите политики доведоа до зголемување на расходите за пензии и до растечки дефицит“ - стои во извештајот.

0 Коментари

Остави коментари