Светска премиера на најновото дело од Дарија Андовска, заедно со најреномираните композитори од регионот
Вечерва е светската премиера на најновата композиција од Дарија Андовска во Сараево, Босна и Херцеговина, во изведба на No Borders Orchestra, под диригентската палка на маестро Премил Петровиќ.
Kомпозицијата "Зајди, зајди" од Дарија Андовска за глас и пијано, напишана по нарачка Ема Николовска - мецосопран, во чија изведба заедно со Howard Watkins/Charles-Richard Hamelin на пијано на 10.3.2024 ја имаше својата светска премиера во Berkeley California, CalArts, по која следуваа нејзини изведби во Vancouver Recital Society, Montréal - Salle Bourgie, Toronto - Koerner Hall, NYC Carnegie Hall, Weill Hall, Ottawa Chamberfest, London, Ontario - University of Western Ontario.
По бројните изведби на оваа и други композиции од Дарија Андовска во Холандија, Германија, Италија, вечерва таа има уште една светска премиера.
Станува збор за нејзината најнова композиција „Apoptotic Bodies” за гудачки оркестар и фиксен медиум, напишана по нарачка на No Borders Orchestra за нивниот Turning Point Tour.
На оваа турнеја, покрај историските ремек-дела на A. Schoenberg, G. Mahler и R. Strauss, ќе се изведат 4 нови композиции, нарачани од страна на No Borders Orchestra од едни од најреномираните и истакнати композитори од регионот: Нина Перовиќ (Црна Гора), Давор Бранимир Винче (Хрватска), Марко Никодијевиќ (Србија) и Дарија Андовска (Македонија).
Светската премиера на новите 4 композиции е на 4.9.2024 во Сараево, каде започнува балканскиот дел на турнејата, кој веќе на 6.9.2024 продолжува во Нови Сад. Се очекува оваа програма да се сними и издаде на носач на звук од Deutsche Gramophon.