Светска премиера на филмот “Ефтеркланг: Македониум бенд” во продукција на МКЦ на фестивал за документарни филмови во Копенхаген

 

Младинскиот културен центар (МКЦ) в сабота во Копенхаген, Данска, премиерно ќе го прикаже филмот „ Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм CPH:DOX.

Музичкиот документарен филм, кој се снимаше во текот на април 2023, претставува музичко патешествие на групата „Ефтеркланг“ во потрага по македонски музичари, со цел составување голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум“ во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност.

„Премиерата на филмот ќе биде проследена со уникатен концерт на ансамблот ‘Ефтеркланг: Македониум бенд’, во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот ќе бидат отсвирени најпознтите песни од бендот ‘Ефтеркланг’, но и македонски песни и џез-стандарди во препознатливиот народен ритам“, соопшти МКЦ.