Светска недела за подигнување на свеста за менталното здравје, како да се справиме со последиците од ковид 19?

На подолг рок, луѓето кои биле заразени или имале симптоми на болеста со ковид-19 можат да бидат изложени на ризик од ментални заболувања,  депресија, вознемиреност, замор и посттрауматско стресно растројство и по завршување на лекувањето, алармираат психијатрите по повод светската недела за подигнување на свесноста за ментално здравје.

Според нив, во време на актуелната пандемија со ковид-19 посебно е  важно унапредување на менталното здравје и комуникација со стручни лица за справување со проблемите.