Светска банка со три предлога за идеален модел за раст на пензиите
Светска банка препорачува низа мерки за подобрување на состојбата со пензискиот фонд. Прво од банката велат за да се намали дупката во ПИОМ потребно е да се укине постоечкиот модел по кој се зголемуваат пензиите, односно, индексирање според растот на платите и цените.
Од Светска банка сметаат дека потребно е постепено зголемување на и изедначување на возраста за пензионирање, но и зголемување на стапката за плаќање на придонеси.
„Во контекст на зголемување на возрасната граница, прашањето е дали ќе успеете да го задржите истиот систем со овие придонеси. Треба да има неколку постапки, треба да се зголемат придонесите, бидејќи тие се малку 18,8 отсто, и тоа треба да биде во комбинација со постепено зголемување со возраљста за пензионирање.“ - Сања Маџаревиќ Шујстер Светска банка.
Претседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев вели дека мора да бидеме свесни дека има недостаток на пари во касата на ПИОМ. Ако не се најде решение кое ќе биде прифатливо за сите ќе треба пензиите да се ислпаќаат од буџетот на државата.
„За 2025 и 2026 година тој процент достигнува 37-38 проценти од вкупните исплати за пензии и тоа не е нешто што не е вообичаено, меѓутоа ние укажуваме дека тој обем претставува сега товар и за самиот буџет.“ - Глигор Бишев претседател на Фискален совет.
Бизнисот пак, излезе со идеа да не се зголемува возрасната граница за заминување во пензија, туку да се зголеми ДДВ-то. Но од УЈП порачаа дека владата не размислува за скршнување од нивната програма за работа, односно и во периодо0т што следи во Македонија на сила ќе бидат ниските даноци.
„Мобилизацијата на даночните приходи треба да ја обезбедиме со овие услови на ниски даночни стапки, со проширување на даночната база, со интегрирање на сивата економија во формална економија.“ - Елена Петрова директорна на УЈП.
Лавина од реакции во јавнота предизвика предлогот на Фискалниот совет кој се однесува на зголемување на возрасната граница за заминување во пензија. За 67 годишна возраст се против сите експерти - економисти кои ги контактираше тв 24. Потребно е државата да реагира со соодветни мерки како да се обезбедат пари за стабиле пензиски фонд.