Светска банка со аларм: Со економски раст од 2,4 проценти, Македонија тешко ќе може да го намали економскиот јаз со ЕУ
За 3,2 проценти ќе порасне македонската економија годинава според очекувањата на Светска банка. Тоа значи повеќе производи и услуги отколку лани. Ова е зголемување на проекцијата за 0,3 процентни поени, откако претходно банката очекуваше зголемување на економската активност од 2,9 проценти.
Растот најмногу ќе го поттикне изградбата на патишта и други капитални објекти. За следните две години оваа меѓународна финансиска институција прогнозира раст по три проценти, а за регионот по 3,4, што значи дека соседството би напредувало побрзо. Но банката предупредува, Македонија веќе 17 години останува меѓу земјите со средни приходи. За да ги стигне побогатите европски земји, фирмите треба со истиот труд да создаваат повеќе, повеќе да вложуваат и повеќе да се натпреваруваат.
На денешната презентација на најновиот извештај, Сања Маџаревиќ-Шујстер од Светска банка, вели дека денес има помалку сиромашни и невработени отколку пред 20 години. Но предупредува дека развојот може да го забават проблемите со енергијата, ограничените државни пари, намалувањето на бројот на работници и тешкотиите за водење фирми.
Светска банка предвидува просечниот годишен раст до 2050 година да изнесува 3,8 проценти. Според институциата, во земјава би имало и 250 илјади дополнителни, подобро платени работни места, но потребно е попаметно трошење на државните пари и нови технологии. О друга страна, премиерот Христијан Мицкоски најавува инвестиции во дата центри. Ако се изградат, тој очекува услугите за странски клиенти да вредат стотици милиони евра.

