Светска банка: С. Македонија со економски раст од 2,5% во 2024, во 2025 ќе биде 2,9
Со прогноза од 2,5 отсто македонската економија според Светска банка ќе испорача најнизок економски раст од земјите во регионот. Освен Босна и Херцеговина каде се предвидува раст на бдп од 2,6 отсто.
Во сите други држави од Западен Балкан економијата годинава ќе порасне за над 3 отсто.
Од Светска банка велат дека во Македонија е проблематично зголемувањето на буџетскиот дефицит, го поздравуваат намалувањето на инфлацијата, но велат дека во главно цените на храната не бележат забележителен пад.
Бидејќи годинава е изборна, економистите од оваа меѓународна финансиска институција не очекуваат целосна реализација на најавените реформи кои се важни за продолжување на евроинтеграциските процеси.