Светска банка не очекува рецесија во Македонија, не исклучува квартален негативен раст
Највисока инфлација до сега но и најнизок раст на БДП за Македонија во наредниот период споредбено со останатите земји од регионот ова се оценките, но и проекциите содржани во есенскиот извештај на Светската Банка кој беше презентиран денеска, а се однесуваше на земјите од Западен Балкан.
Водејќи се по досегашните бројки за растот на БДП по проценти конкретно за Македонија кој во 2021 изнесуваше 4%, а годинава беше 2,1% веќе следната година се очекува да биде 2,7% а пак во 2024 - 2,9.
Раст на БДП во проценти во период
2021 - 4%
2022 - 2,1%
2023 - 2,7%
2024 - 2,9%
Очекувањата според извештајот се дека инфлацијата и натаму ќе биде под притисок, јавниот долг ќе се зголемува, а не се исклучува можноста за краткоточна рецесија, но не и на долгорочен план.
Во делот на замрзнувањето на маржите пак мерките кои владата ги превзема, Светска банка оценува дека тоа не е лоша политика, која ја применуваат и останатите земји во регионот и пошироко, но велат мора да има и субвенционирање на основните трошоци за струја, гас, транспорт и брашно, за да можат крајните производи да бидат поефтини на пазарот.
Во извештајот содржани се и забелешки за работењето на законодавниот дом особено во делот на буџетските реформи и законите кои треба да се носат со цел да и помогнат на домашната економија.
Во регионот пак според раст на БДП Црна Гора котира најдобро, а така ќе биде и во наредните две години. Во делот на енергенсите за сега подобро стои Србија поради релациите кои ги има со Рускиот пазар и нецелосното воведување на санкции на Белград кон официјална Москва.