Светот „здивна“: Иран и САД договорија двонеделно примирје
Двонеделен прекин на војната на Блискиот Исток... САД и Иран се согласија да ги прекинат борбите и да почнат преговори кои треба да доведат до конечен мировен договор...После 6 недели војна, Доналд Трамп објави прекин на нападите, само неколку часа откако му се закани на Иран дека ќе исчезне како цивилизација..Пакистан ќе биде домаќин на преговорите кои треба д апочнат во петок . Договорено е да запрат сите напади врз Иран, Техеран да не ги ракетира Израел и заливските земји а Ормускиот теснец да биде отворен за сообраќај ..Основа на преговорите ќе биде иранскиот мировен план од десет точки, за кој Трамп вели дека е функционален ...
https://truthsocial.com/@realDonaldTrump/posts/116365796713313030
ТЕЛОП Доналд Трамп – петседател на САД
„Се согласувам да се суспендира бомбардирањето и нападите врз Иран за период од две недели. Ова ќе биде двостран ПРЕКИН НА ОГНОТ! Причината за тоа е што веќе ги постигнавме и ги надминавме сите воени цели и сме многу напред во постигнувањето конечен договор за долгорочен МИР со Иран и МИР на Блискиот Исток. Добивме предлог од 10 точки од Иран и веруваме дека тој претставува добра основа за преговори. Речиси сите различни точки на претходните несогласувања се договорени меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, но периодот од две недели ќе овозможи договорот да биде финализиран и спроведен. “
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс сепак го предупреди Техеран дека станува збор за кревко примирје
https://www.youtube.com/watch?v=yj_ukziFGSo
..изјава ЏД Венс – потпретседател на САД
„Ако Иранците се спремни со добра волја да соработуваат со нас, мислам дека можеме да постигнеме договор. Ако сакаат да лажат, ако сакаат да измамат, нема да бидат среќни. “
Иранската влада го прогласи прекинот на огнот за голема победа.и оценија дека земјата ги постигнала речиси сите свои цели а непријателот се соочил со историски пораз... Тврдат дека ќе дозволат безбеден премин на танкерите и бродовите низ Ормускиот проток, но во координација со вооружените сили.
https://x.com/drpezeshkian/status/2041809472188719198
ТЕЛОП Масуд Пазешкијан – претседател на Иран
„Од денес па натаму, ќе продолжиме да стоиме рамо до рамо. Без разлика дали во областа на дипломатијата, во областа на одбраната, на улиците или во сферата на службата. Нашето единство е победа. “
И покрај пораките на Трамп, Иранците не веруваат дека САД имаат добри намери и многумина остануваат скептични дека војната конечно заврши ...
https://www.youtube.com/watch?v=AqLhOS6m754
изјава (ж)
„Америка многупати досега го покажа вистинското лице. Два пати во тек беа преговори кога не нападнаа. И овој пат ќе биде исто.“
изјава (м)
„Не може да и се верува на Америка. Се додека нема одлука од советот за безбедност и не платат оштета, воопшто не можеме да им веруваме. Нема да го прифатиме тоа. “
Примирјето го прифати и Израел со анјава дека дека ќе ги почитува обврските од евентуалниот мировен договор, но со предупредување дека прекинот на борбите не го вклучува Либан...
Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел
„Израел ја поддржува одлуката на претседателот Трамп да ги суспендира нападите врз Иран за две недели, под услов Иран веднаш да ги отвори теснеците и да ги запре сите напади врз САД, Израел и земјите во регионот. “
Од Хезболах пак се заканија дека договорот ќе пропадне доколку во него не биде вклучен и Либан...Од организацијата утрово ги прекина нападите врз северен Израел и израелските трупи во Либан ...
Ибрахим ал-Мусави - Пратеник во либанскиот парламент
„ Ако израелскиот непријател не се придржува до прекинот на огнот, никој нема да се придржува и ќе има одговор од регионот и од Иран. “
Од Европската Унија велат дека одлуката е значаен чекор кон смирување на долгогодишните тензии...Од Кина повикаа да се искористи моментот и да се постигне долгорочен мир на блискиот исток додека пак од Русија велат дека е добро што не е одбран патот кој води кон ескалација на борбите...Остра порака сепак испрати Шпанскиот премиер , Педро Санчез, еден од најгласните критичари на војната против Иран..
Педро Санчез – премиер на Шпанија
„Прекините на огнот секогаш се добри вести, особено ако водат до праведен и траен мир. Но, моменталното олеснување не може да нè натера да го заборавиме хаосот, уништувањето и изгубените животи. Шпанската влада нема да им аплаудира на оние што го запалија светот само затоа што се појавија со кофа вода. “
Во војната, која почна на 28 март со нападите на САД и Израел врз Иран, загинаа неколку илјади луѓе и предизвика огромна материјална штета ширум блискиот исток..најмногу, преку 3500 смртни случаи пријави Иран а повеќе од 20 илјади се повредени...Власитите во либан тврдат дека се убиени 1.500 лица , вклучувајќи најмалку 129 деца...Во јужен Либан пак загинаа и тројца мировници на Обединетите нации.. Иранските ракети убија 23 лица во Израел а неколку илјади се повредени.....13 американски војници се убиени, а повеќе од 300 се ранети, соопшти Централната команда на САД...повеќе 30 луѓе загинаа во обединетите арапски емирати и во Бахреин ...

